250
Манчестер јунајтед го победи градскиот ривал на негов терен со 1-0, но таквиот триумф не беше доволен за прогрес во финале бидејќи на Олд Трафорд загубија со 3-1.
Немања Матиќ во 35. минута постигна гол, а српскиот фудбалер во 76. минута доби втор жолт картон и го остави Јунајтед со фудбалер помалку.
Манчестер Сити имаше повеќе неискористени шанси и два поништени гола поради офсајд. Како и да е, тие се радуваат на крајот.
Во финалето на Вембли, Манчестер Сити ќе игра против Астон Вила која го доби двобојот со Лестер.