Андреа Пирло во 2011 година замина од Милан по една деценија во таборот на „росонерите“. Многумина во Италија го критикуваа неговото заминување и преселба во Јувентус, а дел од навивачите го нарекоа и предавник.
Сега Пирло реши јавно да зборува за ситуацијата, откри дека тој практично бил избркан од Милан. Самиот бил подготвен да прифати било каков договор за да остане и до крајот на кариерата.
„Ме нервира фактот дека се уште голем број навивачи мислат дека јас сакав да заминам од Милан. Тоа не е вистина, таму бев среќен и сакав да останам до крајот на кариерата, ама немаше услови за такво нешто. Адриано Галиани и Макс Алегри беа луѓето кои ме избркаа од клубот. Јас бев подготвен да прифатам било какви услови за да останам, ама воопшто не ми беше понуден нов договор. Кога се збогував со соиграчите тоа ми беа најболните моменти од животот“, изјави Пирло.
Со настапите за Јувентус, Пирло ја затвори големата италијанска тројка откако претходно играше за Интер и Милан.