Пипо Инзаги за својот брат: Симоне е многу подобар тренер од мене

by
1 минути читање

По кратката авантура на кормилото на Милан, Пипо Инзаги замина во третата италијанска лига и ја превзема Венеција со која се избори за пласман во Серија Б.

„Уживав во работата со тимот и стручниот штаб. Имам договор тука и клубот се однесува одлично со мене. Треба да се засилиме за да останеме во Серија Б, но верувам дека ќе го направиме тоа“ – вели Пипо Инзаги.

Пипо има големи пофалби за својот брат Симоне кој го вади максимумот од Лацио.

„Тој е многу подобар од мене, Симоне е еден од најдобрите тренери во Серија А. Среќен сум бидејќи е многу млад и ако не му тргнеше добро ќе го масакрираа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани