164
Беневенто под водство на Инзаги игра фантастична сезона во Серија Б, тие се лидери на табелата со 20 бода повеќе од Кротоне кој е втор на табелата.
Пипо размислува за следната сезона, а италијанските медиуми пишуваат дека негова желба е Илија Несторовски.
Несторовски оваа сезона има 17 настапи за Удинезе, но повеќето од нив се со помала минутажа, тој постигна еден гол досега.