1,1K
Предводникот на Ал Наср, Стефано Пиоли е среќен што во тимот повторно соработува со Марсело Брозовиќ.
Двајцата работеа кратко заедно во Интер, а сега и во Саудиска Арабија. Италијанецот јавно го пофали хрватскиот играч за врска и имаше интересни зборови за него.
„Среќен сум што повторно во екипата која ја водам пак е Брозовиќ, по кратката соработка која ја имавме во Интер. Тој е многу драго момче. Исто така, луд е како коњ и знае како да биде лидер на тимот на теренот“, изјави Пиоли.
Ал Наср по 13 одиграни натпревари се наоѓа на четвртата позиција во првенството со 25 бода. Тие веќе сега заостануваат 11 бода зад водечкиот Ал Итихад, а далеку на плус девет е и Ал Хилал.