521
Фиорентина победи само на еден од последните 11 натпревари, па се шпекулираше дека клубот ќе му врачи отказ на Пиоли.
Тој беше побрз и си поднесе оставка: „Секогаш сум гарантирал професионализам, почит и максимална посветеност на работата. Сега сум приморан да заминам, поднесувам оставка бидејќи професионализмот и пред се човечките квалитетите ми беа доведени во прашање“, изјави Пиоли.
Заминувањето го потврдија и од клубот и информираа дека денешниот тренинг го водел асистентот на Пиоли, Џакомо Мурели.