Џенова попладнево
го изненади Милан, со головите на Пандев и Касата триумфираше со 1-2 на Сан Сиро
и си замина со три големи бода.
„Јасно е дека без
публика ова не е фудбал, но ова важи за сите тимови. Тоа што не победивме е
наша вина, не ни треба алиби или оправдувања од типот, „стадионот беше празен“
или „имаме проблеми внатре во клубот“. Не можам да кажам дека одигравме лошо, постојано бев пред противничкиот шеснаесетник но
од 22 удари, само неколку беа во ракми на голот. Направивме и грешки при двата
гола на Џенова. Не можете да примите гол кога во сопствениот шеснаесетник имате повеќе
играчи од противникот. Тоа значи дека пристапот е погрешен“ – вели тренерот на
Милан, Стефано Пиоли.