Според последните информации од Саудиска Арабија, италијанскиот стратег Стефано Пиоли е пред отказ на клупата во Ал Наср, а причина бил конфликт со Кристијано Роналдо.
Екипата на Ал Наср во овој момент е далеку од титулата во првенството бидејќи заостанува десет бода зад Ал Итихад кој е лидер на табелата.
Сепак, поголема причина за отказот кој се најавувам оже да биде нарушениот однос со првата ѕвезда на тимот.
Наводно, Ронлдо бил многу лут на Пиоли што го заменил во натпреварот против Ал Колод кој неговиот тим го доби со 3-1. Португалскиот ас в отој натпревар го постигна првиот гол за Ал Наср, а Пиоли се одлучи да го замени при резултат 3-0.
Роналдо бил изненаден од таквиот потег со кој Пиоли како што се пренесува сакал да покаже авторитет.