Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси нема намера да се повлече од селекторската функција и покрај тоа што го бара публиката по дебаклот од Англија.
Англија ја победи Србија со 5-0 среде Белград, но Пикси смета дека тоа е нормално, противникот е посилен и тој нема намера да даде оставка.
„Луѓето имаат право на свое мислење, имаат право да го искажат неозадоволството. Не сум задоволен и јас од поразот, но тоа е нормално“, вели Пикси.
„Англија е репрезентација која е далеку подобра од нас во сите сегменти, брзина, техника, сила и епилогот е нормален. Се работи за пораз од една од најдобрите селекции во светот, не од било кој. Заслужено победија“.
„Уште од самиот почеток на квалификациите знаеме дека наш ривал за второто место е Албанија. Овој пораз доаѓа во вистинско време затоа што ќе треба да се разбудиме и да одиграме посериозно во октомври“.