„Кралевите“ вчера уште еднаш славеа над Барселона, овој пат со 2-0 на Сантијаго Бернабеу и со вкупни 5-1 стигнаа до титулата во Суперкупот на Шпанија.
Реал Мадрид делува моќно а тоа го потврди и самиот Жерард Пике, кој вели дека за прв пат чувствува дека Барселона е инфериорна во однос на големиот ривал.
„Сезоната е долга и има простор за подобрување“ – вели дефанзивецот.
„Но за прв пат во овие девет години откако сум во Барселона чувствувам дека сме инфериорни во однос на Реал Мадрид“.
„Да, тие ја освоија Лигата на шампионите, но не многу одамна победивме тука“.
Шпанецот исто така признава дека одредени проблеми на Камп Ноу.
„Поминуваме низ лош период, и како тим и како клуб“.
„Но мора да останеме обединети и да се обидеме да излеземе од оваа мини криза“.
„Мораме да се помириме со поразот и да прифатиме дека Реал Мадрид беше подобар“.