Пике за евентуалното враќање на Нејмар во Барса: Ние разговаравме, но…

by
1 минути читање

Дефанзивецот од
редовите на Барселона, Џерард Пике откри дека е во постојан контакт со неговиот
поранешен соиграч Нејмар, кој за сума од 222 милиони евра направи рекорден
трансфер во ПСЖ, а подолг период Бразилецот се поврзува со можно враќање на „Камп
Ноу“.

Пике не крие дека
во соблекувалната на Каталонците има желба за Бразилецот да се врати во нивниот
состав, а говорејќи во интервјуто за „Експрес“, по освоеното второ место на
покер турнир во Барселона, Пике беше запрашан и за Нејмар.

Да, ние
разговаравме, но тоа е сепак приватна конверзација
“ рече Пике на прашањето
околу тоа дали разговарале за иднината на Нејмар.

Позната е
изјавата на Пике за „Телевизија Шпанија“ каде тој претходно јасно посочи дека
постои голема желба во составот на Барселона за Нејмар да се врати во тимот, за
што клубот во моментов прави максимални напори.

Секако би сакале
да се врати, но, тоа е нешто што ние не можеме да го контролираме, сето тоа ќе
го оставиме во рацете на оние кои одлучуваат по тие прашања, ќе видиме што ќе
се случи
“ рече Пике.

Во текот на
вчерашниот ден делегација на Барселона претставена од генералниот извршен
директор Грау, директорот Бордас, техничкиот секретар Абидал и човекот од
доверба Кари имаа состанок со спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, меѓутоа
истата средба завршила без договор, меѓутоа медиумите и натаму пишуваат дека
владее оптимизам во таборот на Барселона откако самиот Нејмар извршил притисок
во ПСЖ дека сака да се врати на „Камп Ноу“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×