Пике се пензионираше од шпанската репрезентација

by
1 минути читање

На 31 година со 102 настапи за шпанската репрезентација, Жерард Пике се повлекува од националниот тим.

Пике беше дел од најсветлиот период во историјата на шпанската фудбалска репрезентација во кој доминираше во светот. Тој ги освои Светското првенство во 2010 и беше Европски шампион две години подоцна.

Но, Пике повремено имаше и непријатни моменти додека го носеше шпанскиот дрес поради неговата јавна поддршка за независна Каталонија.

„Имав многу добар период во националниот тим со освоено Европско и Светско првенство, но таа приказна заврши. Му соопштив и на Луис Енрике. Логично беше да се повлечам по Светското првенство. Беше прекрасно и неверојатно искуство, но понекогаш доаѓате до крајот на некој циклус и тоа треба да го направите на вистински начин“, изјави Пике.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×