Пике пак распали по Реал: Меси и Нејмар ги влечат по судови, а за Роналдо ништо

by
2 минути читање

Жерард Пике по
вчерашниот пријателски натпревар помеѓу
Франција и Шпанија пак распали по Реал Мадрид.

Дефанзивецот вели
дека нема ништо против играчите, туку против оние кои седат во ложата на Бернабеу и
ги влечат конците.

„Не ми се
допаѓаат вредностите кои Реал Мадрид ги пренесува
  – вели
дефанзивецот на Барса. „Немам ништо против играчите, со добар дел од нив сум
пријател
.

„Не се сомневам
во лојалноста на Раул кон Мадрид, но јас никогаш нема да работам за Реал Мадрид
.

„Не ми се допаѓа
начинот на кој луѓето кои седат во ложата на Бернабеу ги влечат конците.
Луѓето кои ги обвинија Маси и Нејмар, но имаат поинаков третман за Роналдо,
седат во ложата
.

„Сите знаме што
се случува во ложата на Реал, секогаш било така
.

„Судијата е тој
што обвинува а не Мадрид? Сите добро знаеме кој стои зад ова и како
функционираат работите
.

Жерард Пике потоа
одговори и на критиките дека Барселона со помош на судиите стигна до голема
победа од 6-1 над ПСЖ.

„Кога сме добиле
помош од судиите? Во Лигата на Шампионите? Мислев дека ме прашувате за
првенството, во првенството долго време се нема случено тоа
.

„Дискутираме за
историски кам-бек од 6-1 и вие се фокусирате на судиите. А кога Реал Мадрид ја
освои титулата во Лигата на Шампионите со гол од офсајд на Серхио Рамос, ништо не се случува
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани