Пике откри интересна приказна поврзана со Ибрахимовиќ и изненади со констатацијата за Меси

by
1 минути читање

Дефанзивецот на
Барселона синоќа беше гостин во вечерното шоу „Ла ресистенсија“ каде одговараше
на незгодни прашања но откри и интересни детали од соблекувалната.

Кога одгавараше
на прашањето колку пари има на сметка и го „пецна“ градскиот ривал Еспањол, тој исто така раскажа и приказна поврзана
со Златан Ибрахимовиќ и порача дека не може да се мери со Швеѓанецот кога се во
прашње финансиите.

„Ибра е човекот кој
ги сака парите повеќе од било кој друг во светот. Еден ден ни рече, „парите не
се најважната работа“. Сите бевме изненадени, настана молк во соблекувалната а
тој потоа продолжи, „Да се има многу пари е најважната работа““
– вели Жерард
Пике.

Многумина сметаат
дека Лео Меси е срамежлив, но Жерард Пике сега открива дека Аргентинецот знае
да биде незгоден.

„Меси има
прилично иронична смисла за хумор, тој е еден од најголемите „тролови“ кои јас
ги знам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×