Селекцијата на Шпанија е во завршни подготовки за
утрешната пресметка со Албанија во квалификациската група „Г“ за СП Русија
2018, во групата каде е сместена и нашата селекција.
Останува да се види во какво светло ќе се прикажат
избраниците на Хулиен Лопетеги ако се земе во предвид „разнишаната“ атмосфера
во тимот, најмногу поради еден од клучните фудбалери во тимот, Жерард Пике кој
е на удар на јавноста по неговите коментари околу референдумот за независност
на Каталонија.
Слично како и за време на првиот собир во пресрет на
утрешниот меч, кој се
одржа на Спортскиот комплекс при Шпанската фудбалска федерација во Мадрид, така
дефанзивецот на Барселона беше пречекан и за време на собирот во Аликанте, каде
утревечер Шпанија нема право на кикс доколку сака да го задржи првото место во
групата.
Пике и овој пат доби свирежи од стотина навивачи кои му
упатија и погрдни зборови, а Иско и Асенсио беа на големо поздравени од истите.
Собирот во хотелот каде беше предвидено да се сместат фудбалерите
на Шпанија мина со големо полициско обезбедување.
Како за потсетување, еве како мина првиот собир на
Шпанија во пресрет на дуелот со Албанија.