Пике не заборави да го „пецне“ Рамос

by
1 минути читање

Ривалството
помеѓу Барселона и Реал Мадрид е огромно, па во вторникот Серхио Рамос не
криеше дека посакува „Каталонците“ да доживеат елиминација.

„Сакам Барса да
биде елиминирана”
– рече капитенот на „Кралевите“.

„Не сакам да
залажувам никого. Ќе бидам посреќен доколку Барса загуби”.

„Ќе спијам
помирно
”.

Сепак,
избраниците на Луис Енрике вчера направија чудо и историски кам-бек, го добија
реваншот против ПСЖ со 6-1 откако постигнаа три гола во последните седум минути.

По ваквиот развој
на настаните, Жерард Пике не заборави заборави да го „пецне“ Серхио Рамос.

„Ова ќе биде
тешка вечер за оние кои сакаа да изгубиме, но сонцето утре одново ќе изгрее
– вели дефанзивецот на Барса.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани