Пике не може да се помири за фаулот над Роналдо: Тој само паѓа, а судиите секогаш свират

by
1 минути читање

Кристиано Роналдо
засега го одбележа Светското првенство во Русија откако постигна хет-трик во
ремито на Португалија со Шпанија од 3-3, еден гол постигна од пенал а токму врз
него беше направен прекршокот од Начо, вториот по киксот на Де Хеа, а третиот
беше ремек дело.

Голот во
завршницата од средбата во Сочи постигнат од слободен удар дојде по прекршокот
на Пике, тој не може да се помири со фактот што му создаде прилика каква што
посакува ѕвездата на Реал Мадрид, па се пожали дека имал тенденција постојано
да паѓа на теренот по секој контакт.

Кристиано има
тенденција постојано да паѓа на теренот и речиси секогаш кога тоа ќе го стори
судиите свират прекршок
“ рече Пике.

Голот на Роналдо
кој вреди да се погледне неколку пати…

Прекршокот на Пике проследете го на 2,55

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани