71
Иднината на
Нејмар е топ тема низ медиумите од Шпанија, ПСЖ е подготвен да плати 222
милиони евра и да ја активира откупната клаузула на Бразилецот.
Барса не сака да
остане без напаѓачот, а покрај управата, и главните играчи од соблекувалната го
молат Нејмар да остане.
И додека
„Светците“ се убедени дека ова лето ќе успеат да го добијат потписот на
репрезентативецот на „Кариоките“, Жерард Пике испрати порака која ќе ги
разочара.
Дефанзивецот на
Твитер постираше слика од него и Нејмар и напиша: „Останува“.
Se queda. pic.twitter.com/RtPHUr9iTH
— Gerard Piqué (@3gerardpique) July 23, 2017