Жерард Пике пред
неколку дена на Твитер сам се покани да гостува во популарната емија „Ла
Ресистенсија“, желбата брзо му беше исполнета и синоќа му беше гостин на водителот
Давид Бронкано.
Дефанзивецот на
Барселона е познат по тоа што на социјалните мрежи сака да испраќа „отровни
стрели“ и да ги „пецка“ ривалите, па и сега беше на висина на задачата со
своите шеги и коментари.
На прашањето
колку пати имал секс во изминатите месец дена, Жерард Пике одговори со прашање
и алудираше на победите на Барселона против Реал.
„Се бројат ли и
натпреварите на Сантијаго Бернабеу?“ – порача дефанзивецот.
Следеше прашање
за тоа колку пари има на сметка, а овој пат настрада градскиот ривал на Барселона.
„Имам повеќе пари од буџетот на Еспањол за оваа година“ – гласеше одоговорот,
по што водителот Давид Бронкано му посочи дека буџетот на Еспањол е
57 милиони евра.
„Не се 57
милиони… многу повеќе се… проверив пред да дојдам! (Еспањол има буџет од преку
95 милиони евра)“.
Жерард Пике се
мајтапеше и со самиот водител кој е фан на Атлетико.
„Имам парче мрежа
од головите од последниот меч на Калдерон, но ја заборавив дома. Сакав да ти
донесам дрес од репрезентацијата на Каталонија, но и тој го заборавив“.
Биди модерен,
обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит,
регистрирај се ТУКА.