Пике: Како мало дете се радував на победата од 6-1 над ПСЖ

by
2 минути читање

„Каталонците“
минатата недела испишаа историја откако се вратија од 4-0 негатива по првиот
натпревар и го продолжија настапот во најелитното европско натпреварување.

Неколку спорни
одлуки на судијата Дениз Ајтекин во корист на Барса фрлаат мала сенка врз
успехот на клубот од Камп Ноу, а капитенот на Реал
Мадрид, Серхио Рамос ја потенцираше контроверзијата и пред некој ден изјави
„натпреварот беше историски во секој поглед“.

Но Жерард Пике не
му обрнува премногу внимание на ова и вели дека уживал во магичната ноќ и се
радувал како мало дете.

Не ми пречи она
што го кажа Рамос, тој е во право, натпреварот беше историски
– вели дефанзивецот на Барса.

„Се радував како
мало дете, тоа беше ноќ од соништата. Имам освоено неколку трофеи од Лигата на
Шампионите и чуството по кам-бекот беше исто, ако не и подобро
.

„Доживеавме нешто
незаборавно, за ова ќе им раскажуваме на нашите деца
.

„Сега мораме да
го дадеме максимумот за да триумфираме во Лигата на Шампионите. Мораме да го
сториме тоа за кам-бекот, кој ќе биде запамтен како еден од најголемите, да не биде
залуден
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани