Пике истролан од шпанско ТВ шоу на „Твитер“, а тој возврати: А прасето? (ФОТО)

by
1 минути читање

Дефанзивецот од
редовите на Барселона, Џерард Пике, за време на интернационалната пауза
гостуваше во едно шоу во шпанска телевизија, „Ел Хормигеро“, а со оглед на тоа
што пред извесен период тој се појави и на ривалското шоу „Ла Ресистенција“, од
таму се пошегуваа на сметка на Пике.

На социјалните
мрежи „Ла Резистенција“ го наведоа Пике како новиот Луис Фиго, алудирајќи на
тоа што се појавил на ривалското шоу, со оглед на доста оспоруваниот трансфер
на Португалецот во минатото од Барселона во Реал Мадрид, меѓутоа Пике не се
воздржа да не возврати на таа шега.

А прасето?
праша Пике, алудирајќи на познатиот инцидент кога кон Фиго беше фрлена глава
од прасе во моментите кога тој во дресот на Реал Мадрид се обиде да изведе удар
од корнер на „Камп Ноу“, по трансферот во лутиот ривал.

Од „Ла
Резистенција“ беа оние кои последни се смејат во оваа ситуација, па така не
чекаа долго да му возвратат на коментарот, па му објавија видео во коментарот,
она од брзо изведениот корнер на Александер-Арнолд против Барселона во ланското
полуфинале од Лигата на шампионите, каде Пике се најде во „небрано“.

class="twitter-tweet" data-lang="en">

https://t.co/CuKW18RzXh

Можно е и ова да ти се допаѓа

×