Пике испрати остра порака до навивачите: Тие што доаѓаат да не свират нека си останат дома

by
2 минути читање

Португалецот
минатото лето пристигна во Барса како големо засилување, и неговиот трансфер
предизивка огромно внимание со оглед на тоа што „Каталонците“ го „украдоа“
Андреа Гомеш пред носот на лутиот ривал Реал Мадрид.

Сепак, Андре Гомеш тешко се адаптира на Камп Ноу и не игра на потребното ниво.

Тој беше посочен
како една од најслабите алки во тимот на гостувањето во Париз и еден од
виновниците за тешкиот пораз од 4-0 во дуелот со ПСЖ во Лигата на Шампионите.

Па често се
случува да добие свирежи од публиката на Камп Ноу. Таква беше ситуацијата и на
вчерашниот дуел против Валенсија, па Жерард Пике реши да реагира и да застана
во одбрана на Андре Гомеш.

„Фановите кои го
исвиркуваат играчот пред тој да влезе во игра, следниот натпревар нека си
останат дома
– порача
дефанзивецот.

„Тоа е
неподносливо и не му помага на никого, ниту на тимот, ниту на играчот
.

„Едно е да
покажете незадоволство кога некој игра лошо, но сосема друго е да го исвиркувате
некого пред тој да шутне топка
.

„Му ја намалувате
самодовербата
.

„Навистина сум
разочаран од оние кои вечерва упатија свирежи кон Андре Гомеш
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани