Пике, Иско и малата птица на теренот во Казан (ВИДЕО)

by
2 минути читање

„Фуријата“ по
голема борба вчера славеше над Иран со 1-0 и обезбеди важни три бода за пласман
во осминафиналето. По крајот на
натпреварот, Жерард Пике и Иско добија аплауз и пофалби на социјалните мрежи,
но не за своите перформанси туку за потегот со кои спасија една птица на
теренот во Казан.

Прв кој го
забележа малиот гостин на теренот беше Жерард Пике, но неговиот обид за
спасување беше неуспешен, откако птицата му летна од рака.

Потоа на сцена
стапи Иско, кој нежно ја крена малата птица и ја остави во тревата крај аут
линијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани