„Пике, глупаку, Шпанија е твојата земја“ – навреди и свирежи за фудбалерот на Барса на тренингот на „Фуријата“

by
1 минути читање

Како што се
очекуваше, Жерард Пике доби жесток пречек на тренингот со „Црвената Фурија“.

Фудбалерот на
Барса не е омилен лик во Шпанија поради неговото јавно залагање за независнот
на Каталонија, а ситуацијата дополнително се влоши по вчерашниот референдум и
инцидентите кои се случија во Барселона, каде полицијата употреби брутална сила
за да го попречи гласањето.

Во тек е голема
дебата дали играчот треба да ги брани боите на националниот дрес, а фановите
кои вечерва го следеа тренингот на „Црвената Фурија“ во Лас Розас јасно кажаа
што мислат.

Дефанзивецот на
„Каталонците“ доби навреди и свирежи, од трибините се слушаа скандирања како
„Пике, глупаку, Шпанија е твојата земја“
и „Пике, глупаку, оди си од
репрезентацијата“.
Имаше и неколку пароли со навредливи содржини кои беа тргнати по интервенција на полицијата.

Самиот играч
вчера изјави дека е подготвен да го напушти националниот тим доколку луѓето од
федерацијата или пак селекторот го побара тоа од него.

Шпанија се подготвува за двата последни натпревари од квалификациите против Албанија и Израел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани