Жерард Пике е на мета на критики кај Шпанците поради
неговите политички ставови во однос на Каталонија, дефанзивецот на Барселона
доби жесток одговор од трибините за време на првиот собир на селекцијата на
Шпанија во пресрет на двата претстојни квалификациски меча за СП Русија 2018, а
веќе стигна и поддршката за него.
Свирежите и навредите не го предомислија Пике, дефанзивецот на Барса останува дел од репрезентацијата на Шпанија!
„Не ми се допаѓа атмосферата околу Пике, тој е мој
соиграч од репрезентацијата и пред се’ голем пријател. Стојам зад ставот дека Пике секој
натпревар во дресот на репрезентацијата дава се од себе. Многу придонесе за
Шпанија и шпанскиот народ, не смее вака да му се возвраќа“ смета фудбалерот на
Атлетико Мадрид,
22 годишниот Саул Њигез.
Сепак, младиот и суперталентиран фудбалски репрезентативец на Шпанија смета дека Пике требало да избегне било какво медиумско експонирање во јавноста околу чувствителноста околу темата со Каталонија, додавајќи дека лично тој така би постапил.