Пике до Винисиус: Ти да не си луд? Што ти е проблемот?

by
1 минути читање

Жерард Пике и
Винисиус Жуниор синоќа имаа голем број на дуели, дефанзивецот на Барса најчесто
изглевуаше како победник, но беше доволно еднаш да погреши за младиот Бразилец да
ја затресе мрежата на Тер Штеген и да донесе водство за Реал од 1-0.

Медиумите од
Шпанија сега пишуваат за мало кошкаање помеѓу двајцата, 5-6 минути пред голот
на Винисиус за предност на домаќините.

По еден продор,
напаѓачот имаше дуел со Пике и Артур по кој падна во шеснаесетникот и бараше
најстрога казна. Судијата Лахоз одмавна, а не се огласи ниту ВАР.

Винисиус
протестираше, на Пике не му се допадна ова, па му се пушти на тинејџерот.
Медиумите од Шпанија сега откриваат дел од разговорот: „Ти да не си луд? Што ти
е проблемот? Не те допрев, јас не те допрев“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×