Пике: Барселона може да го победи Реал Мадрид и кога не е во најдобра форма

by
1 минути читање

Откако испадна од Лигата на шампионите, Барселона сега комплетно се фокусира на домашните обврски, а таму најпрво ја очекува дуел со најголемиот ривал, Реал Мадрид.

Доколку загуби на Бернабеу, Барселона може да се прости од сите шанси за титулата во Примера. Пике верува дека тие можат да го победат Реал Мадрид и кога не се на највисоко ниво.

„Ние сме луѓе, секако дека поразот од Јуве ќе има ефект врз нас. Но во недела е друг меч, одиме таму да се натпреваруваме и да се обидеме да победиме“ – вели Пике.

„Дури и кога не сме во најдобра форма можеме да победиме таму“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани