Пијаниот Лорис не можел да излезе од автомобилот, доби казна од 50.000 фунти!

by
1 минути читање

Голманот се најде
во центарот на вниманието минатиот месец откако пред дербито со Манчестер
јунајтед помина седум часа зад решетки. Хуго Лорис во раните утрински часови
бил сопрен од полиција во Лондон и по направениот алко тест било востановено
дека Французинот пијан седнал зад воланот на својот авгомобил.

Капитенот на
Тотенхем и Франција денеска се појави пред суд, ги прифати обвинувањата против
него и доби парична глоба од 50.000 фунти а остана и без возачката на 20
месеци.

Обвинителството
исто така откри и детали од целиот настан, полицајци во необележано возило го
сопреле Хуго Лорис, кој со свето Порше Панамера возел 15 милји на час во зона каде
се вози 30 милји на час.

Тоа што возел
пребавно не била единствената причина за рутинската контрола, автомобилот на
фудбалерот постојано скршнувало кон паркираните автомобили, и Хуго Лорис морал
да прави корекции.

Репрезентативецот
на „Триколорите“имал повратено во автомобилот а и едвај излегол, осноно
полицајците морале да му помогнат. Резултатите од направениот алко тест покажале
дека примерокот на Хуго Лорис имал 80 микрограми алкохол на 100 милилитри здив,
односно нешто над два пати од дозволената граница во Англија и Велс, која изнесува 35
микрограми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×