Англискиот медиум вади други пет случаи во кои клубот платил огромни суми за да го врати играчот кој претходно го продал.
Пол Погба – Манчестер јунајтед
Погба е најочигледниот пример за такво нешто. Манчестер јунајтед го купи минатото лето од Јувентус за рекордни 89 милиони фунти иако четири години претходно тој го напушти клубот како слободен играч.
Сеск Фабрегас – Барселона
Фабрегас од Барселона пристигна во Арсенал како 16 годишен фудбалер. Осум години подоцна Каталонците платија 24,5 милиони фунти за да го вратат на Камп Ноу.
Немања Матиќ – Челси
Матиќ беше продаден на Бенфика како дел од трансферот на Давид Луиз во 2011 година. Неговиот дел чинеше 4,5 милиони фунти. Три години подоцна, Челси го врати српскиот фудбалер за 21 милиони фунти.
Николас Анелка – ПСЖ
Во 1997 година, на 17 годишна возраст Анелка од ПСЖ се пресели во Арсенал за 500.000 фунти. Потоа тој направи трансфер во Реал Мадрид за 23 милиони фунти, од каде ПСЖ си го врати во тимот за 22 милиони фунти.
Питер Крауч – Тотенхем и Портсмоут
Питер Крауч имаше две враќата во старите клубови и двата ги чинеше повеќе отколку кога заминал. Замина од Тотенхем за 60.000 фунти во 2000 година, девет години подоцна ги чинеше 9 милиони фунти. Во меѓувреме замина од Портсмут за 5 милиони фунти, па беше вратен за 11 милиони фунти.