124
Поразот на Ерменија од Македонија значеше отказ за селекторот Александар Петраков, украинскиот фудбалски стратег нема по добро да ја памети македонската репрезентација.
До денешниот пораз од Македонија, Ерменија на две кола пред крајот ги загуби шансите за првото место во групата. Ова е сериозен неуспех за нив, а цехот го плати селекторот Петраков.
Брзо по натпреварот Ерменската фудбалска федерација излезе со соопштение во кое потврди дека Александар Петраков веќе не е селектор на Ерменија.
Петраков беше назначен за селектор на Ерменија на 14 јануари 2023 година. Репрезентацијата ја водеше на 18 натпревари, но оствари само четири победи, со четири нерешени резултати и 10 порази.