Малиот Бредли Ловери боледува од рак, предвидувањата на лекарите не се оптимистички.
Шестгодишниот навивач на Сандерленд премногу го сака фудбалот, тој не се предава во борбата со смртоносната болест, неговиот омилен клуб постојано му укажува чест, доби прилика да шутира пенал против голманот на Челзи, Асмир Беговиќ, успеа да постигне гол, при што следеа овации од гледалиштето.
Премиерлигата направи преубав потег со тоа што овој негов погодок беше прогласен за гол на месецот.
Тука не застана радоста за Бредли, неговиот омилен фудбалер, напаѓачот на Сандерленд, Џермејн Дефо го поведе во прегратка малиот фудбалски фан на мечот на неговото враќање во англиската репрезентација и беше поздравен со овации од трибините.
Англичаните не запираат со изненадувањата за Бредли, па така на социјалните медиуми се разви петиција токму тој да му го додели шампионскиот трофеј на Челси сезонава во Премиерлигата.