Челси нема да ангажира звучно име за нов предводник, се поизвесно е дека наследник на Енцо Мареска ќе биде Лијам Росениор од сестринскиот Стразбур.
„Сините“ на првиот ден од новата година решија да се разделат со Енцо Мареска, па се во потрага на нов тренер.
Низ медиумите кружат голем број на опции, но очигледно Челси нема да ангажира звучно име.
Како што пренесува Фабрицио Романо, имиња како Јирген Клоп, Зинедин Зидан и Жозе Мурињо не доаѓаат во предвид, исто како и Сеск Фабрегас и Оливер Глазнер.
Во моментов прв кандидат за жешкото столче на Стемфорд Бриџ е Лијам Росениор, кој не може да се пофали со некој поголем успех.
Сепак, раководството на „сините“ е задоволно од неговата работа во сестринскиот Стразбур, и тој им е прв пик за наследник на Енцо Мареска.
Одредени извори пренесуваат дека преговорите се во напредна фаза и наскоро може да пристигне официјална потврда.