Пет приоритети на новите сопственици на Милан

by
2 минути читање

Навивачите на Милан се надеваат дека на клубот му престојат подобри денови, се очекува Кинезите да инвестираат во играчки кадар кој е неопходен за враќање на врвот.

Според „Фудбал Италија“, новите сопственици имаат пет приоритети на почетокот од нивното владеење со клубот:

Обновување на договорот на Донарума

Џиџи Донарума е чудото на Милан, 18 годишниот голман се уште го нема потпишано нов договор. Еден од приоритетите на новите сопственици е да го продолжи договорот со Донарума и тоа уште во наредните неколку недели, пред почетокот на летниот преоден рок.

Доколку Донарума стави потпис на нов договор, Милан нема потреба да се грижи за голманската позиција во наредните години.

Да ја разјаснат позицијата на Винченцо Монтела

И покрај недоволните инвестиции во играчкиот кадар во изминатите два преодни рока, Монтела има добри резултати со Милан и се бори за места кои водат во Европа. Тренерот има заслуги за тоа, особено за развојот на младите играчи. 

Но има шпекулации дека новите сопственици сакаат нов тренер, се споменува името на Роберто Манчини како еден од кандидатите.

Новите газди треба да во брзо време да ја разјаснат позицијата на Монтела, дали тој ќе остане во клубот или ќе се бара нов тренер.

Инвестиција во играчки кадар

За разлика од 90. години кога Милан носеше големи играчи, во последните сезони клубот не трошеше многу на засилувања.

Во летниот преоден рок напаѓачот Џанлука Лападула од Пескара беше најскапото засилување, а во зимскиот период Милан го донесе Делофеу на позајмица од Евертон.

Еден од најголемите приоритети на кинеските газди треба да бидат засилувањата во тимот. Потребни се неколку етаблирани фудбалери покрај кои ќе се развиваат и младите и надежни играчи кои ги има овој Милан.

Да се реши ситуацијата со стадионот

Милан планираше да гради нов стадион во местото Портељо, но Берлускони на крајот одлучи да останат на Сан Сиро. Тоа го иритираше Интер кој планираше да го откупи Сан Сиро и да го реновира.

Се чини дека и Интер и Милан ќе останат уште долго на Сан Сиро, па модернизација на стадионот треба да биде високо на листата на приоритети.

Транспарентност

Превземањето на Милан беше одложувано на неколку пати, па имаше и забуни кои се вистинските луѓе кои стојат зад понудата.

Доколку новите сопственици планираат да ја добијат поддршката од фановите на Милан, транспарентноста мора да биде една од нивните клучни карактеристики.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани