Пет напаѓачи по кои Челси ќе тргне откако Мурињо им го украде Лукаку

by
3 минути читање

Италијанските
стратег Антонио Конте веќе кова планови за тоа кон кои напаѓачи Челси да го
фокусира своето внимание на трансфер пазарот.

Се поизвесно е
дека Ромалу Лукаку ќе ги засили редовите на Манчестер јунајтед, тој веќе
тренираше со дел од своите нови соиграчи во Лос Анџелес
.

Лукаку заедно со
Пол Погба

Фото: dailymail.co.uk

Се чини дека прв
избор за Челси е Андреа Белоти, напаѓачот на Торино кој имаше фантастична сезона
зад себе во Италија, бележејќи 38 настапи, на кои запиша 28 погодоци.


За услугите на 23
годишниот фудбалер истовремено интерес пријавуваат Милан и Париз Сент Жермен.

Следи Алваро
Мората, по доаѓањето на Лукаку во Манчестер јунајтед, се поизвесно е дека тимот
од „Олд Трафорд“ се повлекува од преговорите со Реал Мадрид за Шпанецот.

Мауро Икарди е една
од опциите на Конте, Аргентинецот во изминатата сезона постигна 26 погодоци на
41 натпревар, па 24 годишниот напаѓач го привлече вниманието на себе на
повеќето гиганти од Европа.

На листата на
желби, барем според информациите кои ги пласира во јавноста „Мирор“, се наоѓа и
поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Мексиканецот Хавиер Чичарито, кој
моментално е член на Баер Леверкузен, беше поврзуван со преселба во Лондон, но
во тимот на Вест Хем.

Како опција за Челси се најавува и Тимо Вернер, фудбалерот на Лајпциг, за кого нема потреба да се штедат коментари, со оглед на неговиот раскошен талент, тој веќе е на мета на повеќе европски гиганти.

Доколку Конте е
подготвен да се коцка, тогаш во тој случај би го одбрал Тимо Вернер, кој е еден
од најголемите таленти во фудбалска Европа
“ пишува „Мирор“, за фудбалерот на
Лајпциг, најпријатното изненадување во изминатата сезона во Германија.

Вернер инаку ја
освои Златната Копачка за најдобар стрелец на Купот на Конфедерации, каде
титулата ја освои токму неговата репрезентација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани