Пет клубови се подготвени да го украдат Дани Олмо од Барселона

by bojan
1 минути читање
Олмо

Пет клубови внимателно ја следат ситуацијата на Дани Олмо во Барселона, кој може да стане слободен агент доколку не биде регистриран до 31. декември.

„Каталонците“ се во трка со времето да го регистрираат Дани Олмо за продолжението од сезоната, Жоан Лапорта и неговите соработници напорно работат за да најдат решение.

Откако не успеа по судски пат да издвојува правна битка, Барселона се обиде со арапските милиони да се спаси од срамна ситуација и за 100 милиони евра да отстапи дел од ВИП ложата на новиот Камп Ноу.

И покрај тоа што се говореше дека работата е практично завршена, се уште нема никаков абер, па голем број на клубови внимателно ја следат ситуацијата.

Се шпекулира дека ПСЖ, Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, Арсенал и Баерн Минхен се гигантите кои сакаат да го украдат Дани Олмо од Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани