Гостински победи на Реал Мадрид, Јунајтед, Јувентус, Леверкузен и Баерн носат коефициент 9

by bojan
3 минути читање
Мбапе, Винисиус

24фудбал одбра пет натпревари од денешната понуда за обложување, очекува гостински победи на фаворитите кои во обложувалницата Моцарт носат коефициент 9.01.

Саутемптон – Манчестер јунајтед 2 со 1,76

На отварањето на 4. коло во Премиерлигата, Манчестер јунајтед гостува на Сент Мерис кај Саутемптон. „Светците“ се мачат по враќањето во елитата, и загубија на сите три натпревари до овој момент. „Ѓаволите“ можеби почнаа со победа против Фулам, но потоа разочараа против Брајтон и Ливерпул. Сепак, момците на Тен Хаг имаат доволно квалитет во себе за да слават против Саутемптон, и обично немаат проблеми против екипите од долниот дел на табелата.

Хофенхајм – Баер Леверкузен 2 со 1,48

Минатото коло, конечно дојде крајот на серијата без пораз на Баер Леверкузен во Бундеслигата, РБ Лајпциг беше првиот тим кој славеше над „фармацевтите“ по подолго време. Паузата беше добредојдена за момците на Чаби Алонсо да се регрупираат и да започнат нова серија, а прв противник за опоравување ќе им биде Хофенхајм. На последните пет натпревари помеѓу овие два тима, Баер Леверкузен доби четири, и од нив, дури три беа на гости.

Емполи – Јувентус 2 со 1,64

Во дуел на две екипи кои немаат пораз на стартот, Емполи го пречекува Јувентус на „Карло Кастелани“.  Тијаго Мота за овој натпревар ги има на располагање речиси сите летни засилувања, но останува да се види кој од нив ќе добие шанса од првата минута, а кој прилика ќе чека од клупата за резерви. Емполи често важи за тврд орев и на мака ги става своите ривали, но „старата дама“ има капацитет да стигне до трите бода денеска.

Холштајн Кил – Баерн Минхен 2 со 1,22

Холштајн Кил за прв пат во својата историја се натпреварува во најсилното првенство во Германија, и денеска на мегдан ќе излезат против најголемиот клуб во земјата, Баерн Минхен. Сосема очекувано, момците на Компани се огромен фаворит во овој натпревар, и се очекува без многу проблеми да стигнат до трите бода и покрај тоа што не прикажаа импресивни партии на претходните два натпревари, но одработија доволно за да забележат две победи.

Реал Сосиедад – Реал Мадрид 2 со 1.70

Гостувањата во Сан Себастијан се незгодни за секој противник, па ова ќе важи и за Реал Мадрид предводен од Мбапе, Винисиус и Родриго во нападот. „Кралевите“ кикснаа на двете гостувања оваа сезона, па во третиот обид ќе се обидат конечно да стигнат до цел плен. Во полза им оди тоа што Реал Сосиедад оваа сезона се мачи дома, и ги загуби двата досегашни натпревари. Историјата исто така е на страна на момците на Карло Анчелоти, кои три пати славеа на последните пет гостувања кај Реал Сосиедад.

Вкупниот коефициент на овие пет типови во обложувалницата Моцарт е 9,01 и со уплата од 10 евра, ви носи исплата од 90,1 евра.

Обложувалницата Моцарт исто така за сите нови играчи нуди огромен бонус, регистрирај се ТУКА и добиј бонус до 400 евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани