Арсенал вторпат во неколку денови го совлада Кристал Палас, овојпат на гостински терен и во Премиер лигата со убедливи 1-5 (1-3).
Габриел Жесус ја заборави голгетерската криза и во три дена дури пет пати ја тресеше мрежата на Кристал Палас. Тој постигна хет-трик во Куп-победата на Арсенал во средата, а сега со два гола го најави и првенственото славје.
Бразилскиот напаѓач го отвори резултатот во шестата минута, а откако Сар израмни на 1-1 стрелаше вторпат за ново водство на Арсенал. Пред полувремето Каи Хаверц погоди за 1-3, додека потоа во вториот дел стрелаа Габриел Мартинели и Деклан Рајс за голем триумф на „топчиите“.
По две ремија Арсенал се врати на победите и дојде до 33 бода на табелата. Од друга страна Кристал Палас има 16 и се наоѓа на 15. место.