Перишиќ заминува од Интер, два клуба во трка за неговиот потпис

by
1 минути читање

Интер е на добар пат да го ангажира Хамес Родригез од Реал Мадрид, па подготвен е за добра понуда да се откаже од услугите на Иван Перишиќ кој е еден од нивните најдобри фудбалери.

Во битка за потписот на Хрватот се ПСЖ и Манчестер јунајтед, според италијанските медиуми, Мурињо е фаворит за Перишиќ.

Се шпекулираше дека Интер сака да го ангажира Ди Марија, а во трансферот да биде вклучен и Перишиќ, но таа зделка најверојатно нема да се реализира.

„Медиасет Премиум“ пишува дека Манчестер јунајтед е фаворитот на Перишиќ, тој со Мурињо имал разговор уште во март, кога Португалецот гледаше натпревар на Хрватска во Загреб.

Се пишува дека Манчестер јунајтед за Перишиќ ќе плати 45 милиони евра плус бонуси во зависност од перформансите на фудбалерот, сума која му одговара на Интер.

Перишиќ во Интер дојде од Волфсбург за сума од 19 милиони евра во летото 2015.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани