Перишиќ неизвесен за финалето против Франција

by
1 минути читање

Иван Перишиќ кој одигра одличен меч против Англија и беше стрелец на изедначувачкиот гол, почувствувал болки во бутниот мускул за време на мечот, поради тоа ден по натпреварот завршил и во московската болница.

Поранешен доктор на руската репрезентација и Спартак Москва, Јуриј Василков смета дека тешко може Перишиќ да се опорави за мечот.

„Невозможно е таква повреда да се санира за три дена. Се работи за најдолгиот мускул во нашето тело кој има клучна улога во движење на колкот. Мислам дека е невозможно Иван да заигра против Франција. Дури и ако лекарите на Хрватска користат блокади и аналгетици. Работата е незивесна, сепак е финале на Светско првенство, кој знае?“, вели рускиот доктор.

За разлика од рускиот доктор кој не ни има контакт со хрватската репрезентација, Златко Далиќ на пресот на ден по мечот не соопшти дека има проблеми со повреди.

„Вчера сите беа весели па не знаеме каква е вистинската состојба на фудбалерите, очекувам сите да бидат подготвени. Пред дуелот со Англија имавме многу проблеми, но ниту еден играч не сакаше да не игра. Никој ништо не го боли. Толку е голем адреналинот што пола од нив не ни знаат дали ги боли нешто“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани