106
Во последниот
натпревар од 11. коло во Серија А, Интер триумфираше во дуелот со Верона и се
врати на второто место на табелата.
Резултатот го
отвори Борха Валеро во 36. минута. Шпанецот се најде осамен на подалечната
статива по нафрлената топка на Кандрева и рутински ја затресе мрежата на
домаќините.
Верона стигна до
изедначување по еден час игра. Судијата со помош на ВАР покажа на белата точка,
а Пацини ја реализираше најстрогата казна за 1-1.
Сепак, Интер
одново стигна до предност. Во 67. минута, по еден корнер, Перишиќ начека една
одбиена топка на врвот од шеснесетникот и „испали“ проектил за 1-2 и голема
радост на „Нероаѕурите“.