Репрезентативецот
на „Коцкестите“ минатото лето беше желба на Манчестер јунајтед а по добрите
настапи на мундијалот во Русија, неговото име одново се поврзува со „Ѓаволите“.
Во интервју за
Спортске Новости, тој не говореше за интересот од „Островото“, но испрати
порака до неговиот сонародник Нико Ковач и Баерн Минхен.
„Слушнав дека
одредени клубови ме посакуваат, но тие најпрво треба да разговараат со Интер и
дури потоа јас би можел да се вклучам во преговорите и да одлучам дали ќе ја
променам средината. Доколку решам да заминам, тоа ќе биде само за топ клуб.
Среќен сум во Интер, но знаеме дека во фудбалот се може да се случи“ – вели Хрватот.
„Би сакал да
играм во Англија и Шпанија, но не знам дали ќе имам доволно време за да го
сторам тоа“.
„Баерн Минхен?
Нико Ковач имаше големо влијание врз мојата кариера, под негово водство играв
одлично за Хрватска. Доколку ме сакаат, знаат каде можат да ме најдат“.
„Минатата година
ставив потпис на петгодишен договор со Интер, уживам во Милано. Точно е дека
Интер нема титула од 2010, но чувствувам дека клубот се враќа на славните
денови. Сакам успех во Лигата на шампионите, натпреварување во кое не сум играл
шест години“.