5,6K
Хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ кој во овој момент е член на ПСВ воодушеви на начинот на кој ја дочека новата 2025 година.
Перишиќ за ПСВ собра 12 настапи, постигна три гола и подели пет асистенции, а по таквиот солиден учинок се награди со одмор во САД.
Вниманието го привлече поради начинот на кој ја дочека годината така што одработи тренинг во трчање и објави фотографија на социјалните мрежи.
Ќе потсетиме зад Перишиќ е турбулентна година во која на почетокот се врати во Хајдук, но по конфликтот со Гатузо се пресели во Холандија.