Перфектно деби за „Специјалниот“: Бенфика на Мурињо убедлива кај АФС

by 24 фудбал
1 минути читање

Португалскиот стратег Жозе Мурињо се врати на клупата каде што започна сè и повторно по 25 години ја поведе Бенфика. Лисабонскиот тим триумфираше на второто деби на Мурињо и тоа убедливо кај АФС со 0-3. 

Бенфика беше апсолутен фаворит на ова гостување и без проблем ја оправда својата улога, иако на првиот гол се чекаше до третата дополнителна минута на првиот дел. Резултатот го отвори Судаков по асистенција на Павлидис. 

Гркот во второто полувреме продолжи во ист ритам, прво реализира пенал за 0-2 во 59. минута, а пет подоцна му го намести и голот на Фрањо Ивановиќ кој го постави конечниот резултат. 

Мурињо може да биде задоволен од своето деби на клупата на Бенфика, а следниот предизвик ќе му биде пред домашната публика на „Да Луж“ против Рио Аве.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×