Перфектно деби на Семењо, Сити му даде десет гола на третолигаш! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Манчестер Сити го декласираа Ексетер со 10-1 и се пласираа во четвртото коло на ФА Купот на Англија.

Пеп Гвардиола не сакаше да ризикува, па на терен од првата минута ги пушти Ерлинг Халанд, Рајан Черки, Тијани Реијндерс, Родри… Дебитираше од првата минута и најновото скапо засилување Антоан Семењо и беше еден од најдобрите на теренот.

Во првиот дел резултатот го отворија повратникот Алејне и Родри, а потоа автоголови си дадоа Дојл-Хејс и Фицватер. Во продолжението Семењо прво му асистира на Рико Луис, па погоди и сам за 6-0 во 54. минута.

Голеадата не заврши тука, меѓу стрелците се запишаа Реијндерс и Орајли, па и младиот Мекаидо. На истекот на регуларното време Бирч го постигна почесниот гол за третолигашот, додека Луис со својот втор погодок ги постави конечните 10-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×