Претседателот на
Реал Мадрид, Флорентино Перез ја одбил идејата европскиот првак да игра
натпревари од најсилниот шпански фудбалски шампионат вон таа земја, поточно да
игра во САД, меѓу другото тој наводно напоменал дека не знае кој ја поттикнал
таа идеја, додавајќи дека од фановите и клубовите во Ла Лига сигурно не е.
„Би сакал да
напоменам за да им биде јасно на сите, ние нема да одиме во Соединетите
Американски Држави, не знам кој е заинтересиран за оваа идеја и кој ја поттикна
истата, но сигурно не се фановите и клубовите, токму поради таа причина ние ги
одбиваме овие планови“ беше јасен Перез во својот настап пред останатите челници на
гигантот.
Ла Лига потпиша
15 годишен договор со компанијата „Relevent Sports“ од САД за од тоа првенство се играат натпревари во
Северна Америка, но, одредени организации и клубови исто така треба да се
согласат на тој план, а
првичните најави кои пристигнуваат од Шпанија не се баш позитивни на оваа тема.
Жирона – Барселона
е мечот кој требаше да се одигра во јануари во Мајами, со тоа што би бил првиот
натпревар кој би се одиграл вон Шпанија, но, оваа можност се поизвесно е дека
нема да се оствари.