Перез сонува за младата ѕвезда на Барселона, но има една милијарда пречки

by 24 фудбал
1 минути читање

Секој преоден рок носи десетици шпекулации за Реал Мадрид, а само мал дел од нив стануваат реалност. Сепак, една приказна во Шпанија добива сериозно внимание и се поврзува директно со желбата на првиот човек на клубот, Флорентино Перез.

Според информациите, неговата голема амбиција е пред заминувањето од функцијата да го доведе асот на Барселона, Педри, и на тој начин да направи трансфер кој би потсетил на сензационалното доаѓање на Луис Фиго во 2000 година.

Веста прв ја пласираше новинарот Чиро Лопез, кој тврди дека вакво сценарио не смее однапред да се отпише, иако признава дека играчот е среќен во актуелната средина.

Реализацијата е исклучително тешка. Педри има договор со Барселона до 2030 година, а откупната клаузула изнесува 1 милијарда евра. Наводно, во Мадрид би размислувале за посериозен обид дури во летото 2027 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×