Перез се симнал во соблекувалната на Реал и ветил богата премија за „ремонтада“ против Арсенал

by bojan
2 минути читање

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез им ветил богата премија на фудбалерите доколку направат чудо на реваншот против Арсенал и обезбедат полуфинале во Лигата на шампионите.

„Кралевите“ ја вжештуваат атмосферата во пресрет на реваншот против Арсенал во Лигата на шампиони на кој ќе се обидат да ја надополнат негативата од 3-0 и да останат во игра за одбрана на титулата.

Флорентино Перез се симнал во соблекувалната и на фудбалерите им ветил богата премија за „ремонтада“.

„Доколку победите и се пласирате во полуфинале, ќе добиете награда од клубот“ – порачал првиот човек на Реал Мадрид.

Во моментов не е јасно за каква сума станува збор, но таа ќе биде поголема од претходната премија која била поделена по славјето над Атлетико Мадрид во осминафинале, наводно тогаш секој фудбалер добил по 200.000 евра.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи беше објавено и мотивациско видео, на кое се прикажуваат пресвртите кои Реал Мадрид ги направи во Лигата на шампиони изминативе години.

Челси, ПСЖ, Манчестер Сити и Баерн Минхен се примерите како Реал Мадрид никогаш не треба да се отпише.

„Ќе им покажеме дека не постојат граници и лимити. Свет во кој се е возможно. Не ја знам иднината, не сум тука да ви кажам како ќе заврши, тука сум да ви кажам како ќе започне. Еден ден ќе заврши оваа серија… но денес не е тој ден“ – гласи моќната порака која „кралевите“ ја испраќаат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани