Перез повторно ги одложи разговорите со Модриќ

by
1 минути читање

Беше најавено дека Перез и Модриќ требаше да се сретнат вчера и да разговараат за негов можен трансфер во Интер, но тоа не се случи. Сега се зборува дека состанокот ќе се случи утре.

Лука Модриќ сака да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во Интер, но кралскиот клуб не сака да продаде уште една своја ѕвезда во преоден рок кога замина Кристијано Роналдо.

Италијанскиот новинар и експерт за трансфери, Џанлука Ди Марѕио, вели дека Перез синоќа бил фокусиран на трансфер зделките со Челси, пристигнувањето на Куртоа па затоа ги одложил 

Некои сметаат дека одложувањето е дел од стратегијата на претседателот да внесе неизвесност и нетрпеливост кај Интер.

Италијанскиот клуб се надева дека ќе успее во мисијата поради информацијата дека Модриќ и Перез имаат џентлменски договор ако Хрватот сака да си замине клубот да го пушти да го направи тоа за пристојна сума.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×