Перез на мака, Саудиска Арабија сака уште една ѕвезда на Реал Мадрид

by bojan
1 минути читање
Родриго

Според пишувањата на Глобоеспорте, Ал Хилал сака да го ангажира Родриго и да го нaправи Бразилецот најголемата ѕвезда на теренот.

Изминатиов период често се пишуваше дека Саудиска Арабија нема да штеди пари за да го ангажира Винисиус Жуниор, шпекулациите велат дека на Реал Мадрид ќе му бидат понудени 300 милиони евра, а на напаѓачот 1 милијарда евра за пет години.

Но како што пренесува Глобоеспорте, Саудиска Арабија мерка уште една ѕвезда на Реал Мадрид – Родриго.

Родриго е главната цел на Ал Хилал за замена на Нејмар и се крои стратегија како тој да биде примамен.

Секако, на Родриго ќе му биде понудено богатство, но и ќе му биде ветено дека ќе го направат најголема ѕвезда на теренот.

Напаѓачот во Реал Мадрид е во сенка на Мбапе, Белингем и Винисиус, па Ал Хилал ќе му вети водечка улога и главниот лик околу кој ќе се врти проектот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани