До крајот на летниот преоден рок, Реал и Барса ќе водат битка за потписот на Нејмар. „Кралевите“ имаат можност да го ангажираат Брзилецот, и Флорентино Перез не сака да ја пропушти шансата да потпише со играчот кој е негова дамнешна желба.
Денешното издание на Спорт пренесува за супер-понуда, Флорентино Перез му нуди на Нејмар повеќе пари и од Шеиците.
Во моментов напаѓачот заработува 36 милиони евра годишно во Париз, но доколку се пресели во Мадрид, ќе има плата од 40 милиони евра, односно 200 милиони евра за пет години.
Каталонскиот весник додава дека Нејмар се уште не реагирал на оваа мошне примамлива понуда. Приоритет на Бразилецот е да се врати на Камп Ноу, па затоа ќе почека уште неколку дена за да види дали има шанси одново да го облече дресот на Барселона.